политика

Хасан Диаб, новиот премиер на Либан

Професорот по Комуникациски инженеринг, Диаб, доби 69 гласа од вкупно 128 на вчерашните парламентарни консултации, дипломатот Наваф Салам освои 13 гласа, додека Халима Какур еден глас

Mahmoud Barakat  | 20.12.2019 - Обновена : 23.12.2019
Хасан Диаб, новиот премиер на Либан

БЕЈРУТ (АА) - По одредено одложување, парламентарните консултации во Либан успеаја во својата цел, новиот премиер на земјата - поранешниот министер за образование, Хасан Диаб - да формира нова влада, јавува Агенција Анадолија (АА).

Професорот по Комуникациски инженеринг, Диаб, доби 69 гласа од вкупно 128 на вчерашните парламентарни консултации, дипломатот Наваф Салам освои 13 гласа, додека Халима Какур еден глас.

Кратко по неговото именување за премиер, Диаб негираше каква било поврзаност со која било група, вклучително и со Хезболах.

И покрај тоа, неговата задача не беше изненадување, бидејќи локалните извештаи претходно укажуваа дека Диаб ќе биде избран за наследник на Саад Харири, кој поднесе оставка на 29 октомври, во пресрет на антивладините протести.

- Влада раководена од професор -

Роден во Бејрут на 6 јануари 1959 година, Диаб има завршено магистерски студии и докторат по компјутерски инженеринг.

Тој во 1985 година започна да работи на Американскиот универзитет во Бејрут како професор по Електротехника и компјутерско инженерство.

Во октомври 2006 година е именуван за заменик-претседател на Регионалните надворешни програми на Американскиот универзитет во Бејрут.

Диаб беше на функцијата министер за образование од 2005 до 2011 година во Владата на поранешниот премиер Наџиб Микати.

Во моментов, во Либан владее голема невработеност, бавен економски раст и има една од највисоките стапки на долгови во светот, долг кој во првиот квартал од 2019 година достигна 86,2 милијарди долари, според податоците на Министерството за финансии на земјата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın