политика

Турскиот и иранскиот лидер разговараа за „незаконските“ израелски напади на Газа

- Ердоган ја нагласил важноста за заземање заеднички став на муслиманскиот свет, особено на Туркије и Иран во соочувањето со израелските злосторства на палестинските територии, се додава во соопштението.

Merve Berker  | 27.11.2023 - Обновена : 28.11.2023
Турскиот и иранскиот лидер разговараа за „незаконските“ израелски напади на Газа

АНКАРА (АА) - Во синоќешниот телефонски разговор претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, и неговиот ирански колега, Ибрахим Раиси, зборуваа за „незаконските“ израелски напади на Газа, соопштија турските власти, известува Анадолу.

Според соопштението што го објави Дирекцијата за комуникации на претседателот на Туркије, Ердоган и Раиси размениле мислења за можните чекори што треба да се преземат за траен прекин на огнот во регионот, со испорака на хуманитарна помош на палестинскиот народ.

Ердоган ја нагласил важноста за заземање заеднички став на муслиманскиот свет, особено на Туркије и Иран во соочувањето со израелските злосторства на палестинските територии, се додава во соопштението.

Ердоган рекол дека Анкара и Техеран ќе продолжат заедно да работат за траен прекин на огнот и постигнување траен мир.

Лидерите размениле мислења и за подготовката и агендата на Турско-иранскиот Совет за соработка на високо ниво што ќе се одржи во Туркије.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın