свет, политика

Туркије и САД ја нагласија важноста за ставање крај на судирите во Газа

- Туркије и САД ја нагласија важноста за изнаоѓање на начин за ставање крај на судирите во Газа и итно надминување на хуманитарната криза, соопшти турското МНР по состанокот на министерот Хакан Фидан и неговиот американски колега Ентони Блинкен.

Emre Başaran  | 10.03.2024 - Обновена : 11.03.2024
Туркије и САД ја нагласија важноста за ставање крај на судирите во Газа Фото: Мурат Ѓок/АА

ИСТАНБУЛ (АА) - Туркије и САД се согласија околу изнаоѓањето начини за ставање крај на судирите во Газа, соопшти турското МНР вчера по седмиот состанок на Американско-турскиот стратешки механизам што се одржа во Вашингтон, пренесува Анадолу.

„Туркије и САД во заедничка изјава ја нагласија важноста за изнаоѓање на начин за ставање крај на судирите во Газа и итно надминување на хуманитарната криза“, се вели во соопштението турското МНР објавено по состанокот на министерот Хакан Фидан и неговиот американски колега Ентони Блинкен.

Во соопштението, исто така, се додава дека двете земји повторно започнале консултации во врска со борбата против тероризмот за да „ја прошират соработката против тероризмот кој ја загрозува безбедноста на двете земји“.

„Туркије и САД најавија дека ќе ги искористат можностите за унапредување на соработката во одбранбената индустрија“, се вели во соопштението.

Се истакнува дека Туркије и САД ја потврдиле важноста за развој на билатералните форуми за подобрување и продлабочување на економската соработка.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.