Nazmi Abduramani
21 Јуни 2016•Ажурирај: 21 Јуни 2016
БРИСЕЛ (АА) - Претседателот на Република Косово, Хашим Тачи, денеска во Брисел се сретна со претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што е наведено во соопштението од претседателскиот кабинет, претседателот Тачи го информирал претседателот на Европскиот парламент, Мартин Шулц, за неодамнешните настани во Косово, со посебен акцент на посветеноста на Косово на патот кон спроведувањето на визната либерализација.
„Косово ги исполни критериумите за визната либерализација и очекува заслужена одлука од ЕУ за работата направена од страна на институциите на државата”, рече претседателот Тачи.
Тој истакна дека Косово останува посветена на понатамошна консолидација на државата, и им се заблагодари на претседателот Шулц за неговата посветеност, известувачот на ЕУ, Тања Фајон и Европскиот парламент за континуираната поддршка и за унапредување на процесот на визната либерализација за Косово.
Од друга страна, претседателот на Европскиот парламент, Шулц нагласи дека визната либерализација е главна тема што го преокупира Косово во нејзините односи со ЕУ. Тој изрази уверување дека Косово ќе добие одлука за основаноста на својата посветеност во исполнувањето на критериумите за визна либерализација.
За време на престојот во Брисел, претседателот на Косово, Тачи, ќе биде примен од страна на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини.