Kristina Maslareviç
10 Август 2016•Ажурирај: 11 Август 2016
БЕЛГРАД (АА) - Специјалната седница на Народното собрание на Србија за избор на Владата продолжи од 10 часот, а денес пратениците ќе расправаат за експозето на Вучиќ, јавува Anadolu Agency (АА).
Седницата започна вчера попладне, а на нејзиниот почеток мандаторот Вучиќ го изложи експозето, програмата на новата влада со основни десет точки. Седницата траеше шест часа, а веќе во вечерните часови, седницата беше прекината.
Денешната расправа според предвиденото време, треба да трае до 20 часот, по што ќе следува гласањето за министри и претседател на новата Влада.
По гласањето, следува положување заклетва пред Собранието на Србија, по што министрите предводени од премиерот, потпишаните изјави ќе ѝ ги предадат на претседателката на Собранието, Маја Гојковиќ.
Мандатот на новата Влада почнува да тече од моментот на полагањето заклетва.