?????
04 Ноември 2015•Ажурирај: 04 Ноември 2015
Премиерот на Романија, Виктор Понта, најави денес оставка на својата влада по одржувањето големи протести организирани поради пожарот во ноќниот клуб во кој загинаа над 30 лица, пренесува Anadoly Agency.
„Го предавам својот мандат, поднесувам оставка, а преќутно и мојата влада“, рече Понта во денешното обраќање кон јавноста.
Скоро 20.000 граѓани излегоа на улиците на Букурешт во вторник вечер учествувајќи во спонтаните протести кои се одржани откако 32 лица смртно настрадаа во пожар во еден ноќен клуб во петокот навечер.
Во пожарот се повредени 130 лица кои се хоспитализирани, меќу кои десетици се во животна опасност.