?????
04 Ноември 2015•Ажурирај: 04 Ноември 2015
Во согласност со претходно склучени договори Грција денеска ја започна постапката за распределба на бегалците во другите земји од ЕУ, известува Агенција Анадолу (АА).
Првите 30 бегалци, сочинети од шест семејства од Сирија и Иран, отпатува од Атина за Луксембург.
ЕУ, која се соочува со масовен прилив на бегалци изготви план за преселување на повеќе од 160 илјади бегалци кои од Грција ќе бидат распределени во другите европски земји.
Некои земји се противат на планот, повикувајќи се на "зајакнување на надворешните граници на ЕУ."
Грција е на удар од бегалската криза од бегалците кои низ Медитеранот мора прво да пројдат низ оваа земја продолжувајќи го патот кон западноевропските земји.
Речиси 600 илјади бегалци од почетокот на годинава пристигнале во Грција.
Во исто време, расте бројот на бегалците кои ги губат своите животи во Средоземното Море патувајќи во стари бродови најчесто на и силно невреме.