?????
04 Ноември 2015•Ажурирај: 05 Ноември 2015
Портпаролот на Претседателството на Република Турција, Ибрахим Калин, изјави денес во Анкара дека за претседателскиот систем во Турција е незамисливо да се дебатира независно од народот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Калин говореше на редовната конференција за новинари во главниот град на Турција на која стана збор и за преминувањето на оваа земја во претседателски систем.
„Кога говориме за една толку важна тема за неа е невозможно и незамисливо да се зборува независно од народот. Ако за тоа механизмот е референдум, тогаш се оди на референдум“, рече Калин.
Додаде дека постојат низа измени кои треба да се направат во парламентот и подвлече дека се работи за тема за која е неопходно советување со граѓаните и сослушување на различни мислења и ставови.
Според важечките одредби на Уставот на Република Турција, амандманот со кој би се овозможило воведување на претседателски систем бара двотретинска поддршка во парламентот, попрецизно, намалку 367 од вкупно 550 гласови на парламентарците.
По усвојувањето во парламентот, претседателот на државата може да го ратификува или да повика на референдум за ова прашање. Измените, меѓу другото би предвидувале и смалување на администрацијата и помал број на министерства.