??????? ??????
17 Ноември 2015•Ажурирај: 18 Ноември 2015
ПРИШТИНА (АА) – Шест припадници на косовската полиција, од кои двајца потешко се повредени во судирот помеѓу полицијата и приврзаниците на опозицијата кои пред зградата на Собранието, во правец на полицијата фрлаа оштри предмети, соопштено е од страна косовската полиција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Двајца потешко повредени полицајци, од кои еден се здоби со повреди во пределот на главата, префрлени се во болница. Полицијата до сега уапси двајца насилни демонстранти, кои се приведени во полициска станица на разговор и понатамошно испитување.
Полицијата наведува дека кај тие двајца осомничени лица се пронајдени шишиња со молотови коктели. Како резултат на насилно однесување на демонстрантите, оштетени се неколку полициски возила.
Соопштено е и дека полицајците беа принудени да реагираат внатре во собраниската сала, кога еден од пратениците, којшто и е познат на полицијата (Албин Курти) почна да фрла сомнително средство- спреј кон полицискиот кордон и луѓе кои седеа позади кордонот.
Полицијата додава дека се започна кога за време на седницат, неколку пратеници за да го спречат одржувањето на седнцата, му се приближија на кордонот на полицајците.
После тоа, во пленеарната сала еден пратеник фрли сомнително средство, се сомнева дека се работи за солзавец, како и спреј во правец на полицијата, но и по ходниците на Собранието, по излегувањето на пратениците од пратеничката сала.
Од последиците од солзавецот, еден пратеник побара лекарска помош и на истиот му е пружена медицинска помош од страна на здраствената служба на косовската полиција.