?????
17 Ноември 2015•Ажурирај: 18 Ноември 2015
ПАРИЗ (АА) – Американскиот државен секретар, Џон Кери, престојува во работна посета на Париз, од каде порача дека животот во Франција брзо ќе се нормализира по неодамнешниот терористички напад кој е изведен во главниот град на таа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Францускиот претседател, Франсоа Оланд, во Елисејската палата го прими Кери, а шефот на американската дипломатија по состанокот во кратка изјава за медиумите кажа дека интензивирање на борбата против тероризмот била главната тема на разговорите.
Кери нагласи дека меѓународната соработка во борбата против Даеш е од клучна важност.
„Даеш константно губи територии и е под сè поголем притисок и стрес. По нападите во Либан, Египет, Анкара и сега во Париз, ќе мораме да ги интензивираме напорите и да удриме најсилно што можеме“, порача Кери.
Во терористичкиот напад на 13-ти ноември во Париз убиени се 129 а ранети 352 лица. Во нападите на шест локации загинаа и седум напаѓачи. Одговорноста за нападите презеде Даеш.