политика

Политичките партии во Северна Македонија се согласија за датумот на изборите

„Се согласивме првиот круг претседателски избори да биде на 24 април 2024 година, а вториот круг претседателски избори заедно со парламентарните, да се случат на 8 мај 2024 година"

Abdula Berisha  | 04.12.2023 - Обновена : 05.12.2023
Политичките партии во Северна Македонија се согласија за датумот на изборите Фото: Umeys Sulejman/AA

СКОПЈЕ (АА) - Во Собранието на Северна Македонија се одржа лидерска средба на која беа поканети претседателите на парламентарните политички партии, јавува Анадолу.

Како што рече премиерот Димитар Ковачевски, на средбата се разговарало за евроинтеграцијата на Северна Македонија, за измените на Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР, како и за датумот за редовните претседателски и парламентарни избори кои треба да се одржат во 2024 година.

„Она што го заклучивме на средбата е дека редовните избори ќе се одржат на 24 април и тоа прв круг претседателски избори и 8 мај за втор круг претседателски и парламентарни избори. Согласно законот, техничка влада, односно Пржинска влада, ќе има од 28 јануари и законската обврска која јас како премиер ја имам ќе се исполни, и секако коалицискиот договор ќе си биде исполнет", рече премиерот Ковачевски.

Лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека на лидерската средба се донесени три важни заклучоци. Говорејќи за потребата од донесување на уставните измени, како услов за продолжување на евроинтегративниот пат на земјата, тој рече дека во овој момент не се создадени услови за уставни измени.

Тој, исто така, истакна дека е постигната согласност за измени на изборниот законик во согласност со препораките на ОБСЕ и ОДИХР, но реќе дека не е почитувано правилото измените да се усвојат 6 месеци пред почетокот на изборната кампања.

„Се согласивме првиот круг претседателски избори да биде на 24 април 2024 година, а вториот круг претседателски избори заедно со парламентарните, да се случат на 8 мај 2024 година", рече Мицкоски.

Лидерската средба предвремено ја напуштија лидерите на албанските партии од опозицискиот блок. Во изјава за медиумите тие рекоа дека не се земени предвид нивните барања за да имаат свој претставник во Државната изборна комисија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.