And Demir
15 Април 2019•Ажурирај: 16 Април 2019
ХЕЛСИНКИ (AA) – Во Финска вчера се одржани парламентарни избори, а според прелиминарните резултати релативен победник на изборите е Социјалдемократската партија, која освоила 17,8 отсто гласови, јавува Anadolu Agency (AA).
Близу 4,5 милиони регистрирани гласачи вчера го избираа новиот состав на Едускунта, Претставничкиот дом на Парламентот на Финска.
На изборите гласаа 72 отсто регистрирани гласачи.
Во изборната трка за 200 пратенички места во Едускунта, се натпреваруваа вкупно 19 политички партии.
Ниту една политичка партија не освоила натполовично мнозинство за самостојно формирање на Владата, а релативен победник е Социјалдемократската партија на Финска.
На второто место е конзервативната и популистичката Партија на Финците.
Главни теми во изминатата предизборна кампања беа реформите на државната социјална програма и потребните мерки за борба против климатските промени.
Во Финска живеат 5,5 милиони луѓе, а третина од популацијата го населува Арктичкиот круг, кој трпи најголеми штети поради климатските промени и глобалното затоплување.