Zuhal Demirci,Aşkın Kıyağan
07 Април 2022•Ажурирај: 08 Април 2022
БРИСЕЛ (АА) - Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, истакна дека НАТО треба да го зголеми својот ангажман на Западен Балкан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Османи имаше свое обраќање пред состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во белгискиот главен град Брисел.
Тој нагласи дека состаноците кои се одржуваат во овие рамки се добра можност за да се пренесе силна порака за обединувањето на НАТО и зачувувањето на евроатлантската безбедност во однос на војната која Русија ја започна против Украина.
„Обединети сме во осудување на Русија и изразуваме солидарност со украинскиот народ“, рече тој.
„НАТО треба да го зајакнува своето партнерство со ЕУ и со демократиите кои се со сличен менталитет. Исто така, треба да го зголеми ангажманот на Западен Балкан, и со тоа да се зајакне стабилноста и безбедноста на југоисточното крило“, додаде министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Османи.