Изетбеговиќ: Со конференцијата да се отвори и ново поглавје во животот на Сребреница
"Првата асоцијација за Сребреница е војна, погреб, комеморации, гробови... Поради тоа интересот на инвеститорите за Сребреница не е доволен, а животот на жителите тежок. “, рече Изетбеговиќ.
????? ??????????-???????
11 Ноември 2015•Ажурирај: 12 Ноември 2015
Сребреница
СРЕБРЕНИЦА (АА) - Членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ, на дводневната Инвестиционо-развојна конференција Сребреница 2015 рече „треба да отвориме ново поглавје во животот на Сребреница и Сребреничани“, јавува Anadolu Agency (AA).
"Времето во кое живееме е турбулентно, полно со кризи и предизвици но составот на денешниот собир сведочи за нашата подготвеност со заедничка работа и добрососедски односи и со најдобри намери да ги решаваме сите потешкотии и создаваме услови за инвестирање во овој град. Со оваа конференција треба да отвориме ново поглавје во животот на Сребреница и Сребреничани, но и да ги продлабочиме позитивните трендови во односите со Србија и другите земји во регионот на задоволство и доброто на сите", истакна во Сребреница, Бакир Изетбеговиќ, член на Претседателството на БиХ.
„Сребреница и регионот на средишниот дел на Подриње пред две децении беа упориште на жестоки судири кои резултираа, за жал, со голем број злочини, а во завршницата и геноцид над Бошњаците во кој се убиени над 8.000 мажи. Првата асоцијација за Сребреница е војна, погреб, комеморации, гробови... Поради тоа интересот на инвеститорите за Сребреница не е доволен, а животот на жителите тежок. Наша обврска е таа слика да ја менуваме и затоа денес се собравме овде “, рече Изетбеговиќ.
Членот на Претседателството на БиХ, конференцијата во Сребреница ја оцени и како можност за продлабочување на позитивните трендови во односите со соседите, и покрај турбулентното и кризно време, со заедничка работа и добрососедски односи и намери, да се направат напори и да се помогне во создавање услови за инвестирање во овој град.
Тој воедно потсети и за природните ресурси со кои изобилува Сребреница и им се заблагодари на организаторите и на присутните гости.