Пусиќ: Хрватска денес ќе испрати протестно писмо до Словенија поради оградата
Пусиќ потврди дека Хрватска денес ќе испрати протестна писмо до Словенија поради металната ограда која ја постави словенската војска
????? ??????????
12 Ноември 2015•Ажурирано: 12 Ноември 2015
Загреб
ЗАГРЕБ (АА) - Министерот за надворешни и европски работи, Весна Пусиќ, во пресрет на денешната владина седница, изјави дека Словенија е информирана за протесното писмо кое службено ќе им биде врачено денес по повод поставување ограда на дел од хрватската граница, јавува Anadolu Agency (АА ).
"Тоа е истата ситуација каква што веќе ја имавме со Унгарија. Исто реагиравме и тогаш по што Унгарците ја тргнаа оградата. Очекуваме дека Словенците ќе реагираат исто ", рече Пусиќ.
Хрватска денес ќе испрати протестна писмо до Словенија поради металната ограда која ја постави словенската војска, оградувајќи дел од од хрватската територија долж реката Сутла, во близина на Хармица.
Словенија од вчера изутрина постави ограда за да може полесно да го контролира влезот на бегалци преку границата.
Пусиќ: Хрватска денес ќе испрати протестно писмо до Словенија поради оградата