Admir Fazlagic
09 Ноември 2016•Ажурирај: 10 Ноември 2016
СКОПЈЕ (АА) - Комесарот за преговори за проширување на Европската унија, Јоханес Хан, денеска во Европскиот парламент ги претстави прогрес-извештаите за земјите од процесот на проширување за 2016 година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Презентирајќи го делот на извештајот кој се однесува за Република Македонија, комесарот Хан потврди дека Европската комисија издава нова, осма по ред препорака за отворање на преговорите за членство во ЕУ. Препораката, како што потврди и Хан, втора година по ред е условена, а овојпат со целосно исполнување на политичкиот договор од Пржино, преку спроведување на кредибилни избори на 11 декември, како и имплементација на Итните реформски приоритети од Европската Комисија.
„Земјата се уште не е излезена од домашната политичка криза и покрај добрите чекори што неодамна беа превземени. Сега е можноста за лидерите во земјата да ја надминат кризата и да земат предвид одржување на кредибилни парламентарни избори и прогрес во имплементацијате на Итните реформски приоритети на Еворпската комисија. Како и Србија, земјата има активна улога во миграцискате криза и одлична соработка со соседните земји и земјите-членки на Еворпската унија за ова. Во тој поглед, Европската комисија продолжува да дава препорака, во поглед на отворање на преговорите за членство на земјата во ЕУ, но со услови како лани, а тоа е целосно имплементирање на договорот од Пржино и исполнување на Итните реформски приоритети", порача комесарот Хан.
Хан ги пофали и земјите од Западен Балкан и Турција за ефективното затворање на западно-балканската мигрантска рута, посочувајќи дека има големо намалување на приливот на мигранти и дека ова лето само 18 илјади бегалци минале на овој пат.