Zülfiya Yakup
02 Декември 2015•Ажурирај: 02 Декември 2015
ПРИШТИНА (АА) - Државниот секретар на САД Џон Кери пристигна денес околу 15 часа во кратка официјална посета на Косово, пренесува Anadolu Agency (AA).
Кери на меѓународниот аеродром "Адем Јашари" во Приштина го пречекаа претседателот на Владата на Косово, Иса Мустафа и американскиот амбасадор во Косово, Грег Делави. Како што претходно најави амбасадорот Делави, секретарот Кери ќе се сретне со премиерот Мустафа и неговите заменици Хашим Тачи и Бранимир Стојановиќ , како и со неколку млади Косовари школувани во САД.
На крајот од средбите кои ќе се одржи на аеродромот во Приштина, државниот секретар на САД, ќе се обрати на медиумите. За посетите на американскиот секретар се акредитирани само снимателите и фоторепортерите, но не и новинарите.
Ова е прва посета на Кери во Косово, во својство на државен секретар на Соединетите Американски Држави.