Admir Fazlagic
08 Ноември 2016•Ажурирај: 09 Ноември 2016
СКОПЈЕ (АА) - Народниот правобранител на Република Македонија Иџет Мемети, преку писмено известување за завршување на постапката упатено до Иницијативата за поддршка на босанскиот јазик и култура соопшти дека министерот за внатрешни работи го известил дека Министерството за внатрешни работи презело соодветни активности со цел изменување на подзаконските прописи со кои се уредуваат обрасците на барањата за издавање лични документи на граѓаните во согласност со нивниот Предлог за измена на терминот „бошњачки јазик" со терминот „босански јазик", јавува Anadolu Agency (AA).
„По повод Вашата преставка во име на бошњачката заедница во Република Македонија што се однесува на усогласување на обрасците, правилниците и целосната документација на Министерството за внатрешни работи за евидентирање на населението на Република Македонија со следните исправни термнини: националност Бошњак и јазик: босански, Народниот правобранител Ве известува дека ја заврши постапката по преставката со преземање на низа дејствија за заштита на правото на заедницата за слободно изразување на националната припадност во Република Македонија", се вели во писменото известување на Народниот правобранител испратено до невладините бошњачки организации обединети во Иницијативата за поддршка на босанскиот јазик со која тие побараа терминот боњшачки јазик да биде сменет во босански јазик, во документите како што се лична карта, патните исправи на граѓаните на Република Македонија.
Народниот правобранител соопшти дека по преземени дејствија за испитување на преставката, до министерот за внатрешни работи на Република Македонија доставил предлог НП. бр.3641/15, од 21.03.2016 година со кој му предложи во подзаокнските акти на Минисерството за внатрешни работи кои произлегуваат од Законот за лична карта, Законот за патните исправи и Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата што ги издава ова Министерство, терминот „бошњачки јазик" да се замени со терминот „босански јазик".
„Со последниот допис од 12.10.2016 година од министерот за внатрешни работи го извести народниот правобранител дека Министерството за внатрешни работи веднаш презело соодветни активности со цел изменување на подзаконските прописи со кои се уредуваат обрасците на барањата за издавање лични документи на граѓаните во согласност со нивниот Предлог за измена на терминот 'бошњачки јазик' со терминот 'босански јазик' ", соопштуваат од Народното правобранителство.
Иницијативата за поддршка на босанскиот јазик и култура во октомври месец минатата година до Народниот правобранител поднесе две претставки за употреба на босанскиот јазик во согласност со Уставот и законит во образовниот процес и во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.
„Иницијативата е резултат на незадоволство на Бошњаците на Македонија. Согласно измените од 2001 година, во кои бошњачкиот народ е признат како конститутивен народ со сите права кои ги уживаат припадниците на заедниците кои живеат во Македонија, бараме од институциите на Република Македонија да ги усогласи обрасците, правилниците и целокупната документација која ја поседуваат за евидентирање на населението на Република Македонија со следните исправни термини: Етничка припаднот - Бошњак, јазик: Босански", изјавија тогаш од Иницијативната за поддршка на босанскиот јазик и култура.
Носител на Иницијативата за поддршка на босанскиот јазик и култура беше Здружението на жени ЕДУ НИСА од Скопје, поддржано од неколку невладини бошњачки организации и здруженија во Македонија меѓу кои Бошњачка културна заедница во Македонија, Мектеб, Глас Оризара, Шадрван, Диван, како и десетици интелектуалци и активисти Бошњаци.