Dzihat Aliju
10 Март 2017•Ажурирај: 11 Март 2017
СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје, во организација на Институтот „Јунус Емре" - Скопје, се одржуваат предавања на тема „Дилемите на модернизмот и потрага по нова цивилизација“, јавува Аnadolu Agency (AA).
Заменик-директор на Институтот „Јунус Емре" - Скопје, Фуат Коркмаз, во изјава за АА, рече со цел да придонесат за академскиот развој на учениците, започнале со овој проект.
Коркмаз истакна дека на овој проект предава прф. д-р Метин Изети од државниот универзитет во Тетово, додавајќи дека во овој контекст се користи книгата на портпаролот на претседателството на Турција, Ибрахим Калин, „Разумот и доблеста”.
Тој понатаму нагласи дека како институт во иднина ќе продолжат да работат во академска перспектива. „Историјата на Балканот може да биде една од темите за кои би можеле да се третираат во иднина”, додаде Коркмаз.
Од друга страна, проф. д-р Изети рече дека на предавања учествуваат студенти од различни етнички заедници, односно Македонци, Албанци и Турци.
Истакнувајќи дека едно од прашањата кои се третираат на предевањата се проблемите на соверемениот свет, Изети рече: „Ова се прашања кои нè засегаат сите нас. Може да се забележи дека по падот на комунизмот, по теориите на (Самуел П.) Хантингтон, луѓето се соочуваат со проблеми, тие се во потрага. И ние, во рамките на нашите традиции, се обидуваме да им одговораме на овие прашања.”
„Светот по хуманизмот и ренесансата, му се доближи на еден светоглед кој е повеќе материјалист и се оддалечи од духовноста. Тоа, пак, ги зголеми нашите проблеми. Во последниот период, можеме да видиме дека трендовите во секоја земја на светот одат кон духовноста. Овде разговараме за тоа на кој начин оваа духовност ќе биде насочена. Меѓу темите кои се разговараат е и концептот на цивилизацијата”, рече Изети.
Од друга страна, Берат Алили, студент на Факултетот за психологија рече дека учествува со цел да стекне повеќе знаење за темите кои се дел од овој проект.
„Ваков вид на програма недостигаше многу во Скопје. Многу сум благодарен на Институтот Јунус Емре. Верувам дека ќе добијам нови знаења, визија и нови перспективи. Програмата е повеќе интерактивна, но, исто така, има и објаснувања и дебатирање околу различни теми” рече Алили.
По завршувањето на овој проект од шест недели, студентите ќе добијат сертификат за учество.