Erdoğan Çağatay Zontur
09 Мај 2020•Ажурирај: 10 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Во Турција, во државната турска фабрика за производство на боева муниција е пуштена во употреба нова производна линија, воспоставена со машини од домашно производство, јавува Агенција Анадолија (АА).
Како дел од новиот проект на Компанијата за механичка и хемиска индустрија (MKEK), новата линија произведува муниција во фабриката за муниција „Гази“ во главниот град Анкара, во согласност со стандардите на НАТО.
Турскиот министер за национална одбрана, Хулуси Акар, и началникот на Генералштабот, Јашар Ѓулер, како и командантите на вооружените, поморските и воздухпловните сили на Турција учествуваа на церемонијата за свечено отворање преку видеоврска.
Компанијата е единствената државна фабрика во Турција, којашто се занимава со производство на малокалибарска муниција, полнења со друг различен калибар и видови од 5,56 милиметри до 40 милиметри.
„Фабриката за муниција „Гази Фишек“, која има значајна улога во домашната индустрија во Турција, е многу битна во однос на обезбедување на потребите од вооружените сили“, изјави Акар.
Акар истакна дека производството се зголемило за околу 40 отсто со употреба на домашни машини.