Deniz Çiçek Palabıyık
12 Септември 2020•Ажурирај: 14 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Исмаил Демир, челникот на Одбранбените индустрии на Турција (SSB), изјави дека имаат цел да интегрираат „минијатурна бомба“ во беспилотните летала, што ќе ја зголеми ударната моќност на авионите „F-16“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Демир на својот профил на Твитер ги сподели најновите случувања во врска со „минијатурната бомба“ развиена од компанијата АСЕЛСАН и од Институтот за истражување и развој на одбранбената индустрија (SAGE).
Наведувајќи дека тестовите за гаѓање со „минијатурната бомба“ продолжуваат, Демир рече: „Во едно крило на „F-16“ ќе можат да се носат четири бомби. Нашата цел е да ја интегрираме минијатурната бомба од 145 килограми, која ќе биде со две различни глави со продорна и ефикасна моќ.“
- Може да пробие бетон со дебелина од 1 метар -
Демир сподели и видео за проектот за развој на минијатурната бомба.
Според информациите во видеото, бомбата е со максимален дострел од 100 километри, а може да пробие бетон со дебелина од 1 метар. Минијатурната бомба се очекува да ја зголеми разорната моќ на авионите „F-16“ и на беспилотните летала, ако се интегрира.