Gökhan Ergöçün
20 Април 2020•Ажурирај: 20 Април 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот гигант во одбранбената индустрија „Аселсан“ потпиша нов договор со Казахстан за својата далечински управувана Стабилизирана платформа за оружје (SARP), засилувајќи ги своите операции во Централна Азија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Платформите за оружје на далечинско управување на компанијата се инсталирани во 20 различни земји“, се вели во соопштението на „Аселсан“.
„Аселсан и нејзината подружница во Казахстан (Kazakhstan ASELSAN Engineering или KAE) имаат за цел да го зајакнат нивниот производствен капацитет, со цел максимално задоволување на воените и цивилните потреби на земјата“, се додава во соопштението.
Компанијата „Аселсан“ е активна во воените и цивилните телекомуникации, како и во производството на радари, електронското војување, одбраната, оружјето, командната контрола, како и системите за навигација.
Таа е најголемата компанија од одбранбената индустрија во Турција и меѓу првите 100 одбранбени компании во светот.