Emel Öz Gözellik
03 Мај 2018•Ажурирај: 04 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Холандските научници во лабораториски услови од матична клетка на глушец произведоа структури слични на ембриони, без да користат семена течност или јајник, пренесува Anadolu Agency (AA).
Научниците синтетичките ембриони добиени од матичната клетка, ги поставија на ѕидовите на матката на глушецот, и го набљудуваа растот на ембрионите.
Се вели дека синтетичките ембриони добиени во лабораторија од матична клетка, нема да се користат за клонирање на луѓе или животни, туку ќе придонесат во разбирање на абортусите кои се случуваат за време на првата фаза на бременоста.
Раководителот на истражувачкиот тим, Николас Риврон, од институтите MERLN и „Hubrecht“ во Утрихт, рече дека оваа студија ќе фрли светло на непознатите нешта за време на бременоста.
Риврон нагласи дека ембрионите ги поседуваат сите видови клетки потребни за еден организам, и дека студијата ќе придонесе за добивање повеќе информации околу плодноста и околу абортусите во раната бременост, чии причини не се познати.
Клименс ван Блитерсвијк од Универзитетот „Мастрихт“ истакна дека оваа студија ќе понуди можност за тестирање на лековите и новите техники во лекувањето на стерилитетот.
Резултатите на истражувањето се објавени во списанието „Nature“.