Fuat Kabakçı
24 Мај 2017•Ажурирај: 24 Мај 2017
ПЕКИНГ (АА) - Во рамките на научната мисија, кинеската подморница „Jiaolog“ се спушти на дното од Тихиот Океан и тоа на местото наречено Маријанска депресија, коешто се смета за најдлабоката точка на планетата, јавува Anadolu Agency (AA).
Позната како „Змеј“, подморницата заедно со научниците до оддалеченото место доплови со брод, а потоа за два и пол часа нурна на морското дно на длабочина од 4.811 метри.
Во текот на деветчасовната мисија, кинеските научници фотографираа и собираа примероци од живот во темните длабочини на океанот, а мисијата ќе продолжи и утре, кога се очекува подморницата да се нурне на уште поголеми длабочини.
Подморницата „Јiaolong“ во 2012 година на истото место во Тихиот Океан се спушти на рекордни 7.000 метри.
Паралелно со научниот придонес во истражувањето на екосистемот, на геодетските и други параметри во морските длабочини, мисијата на кинеските подморници има и пошироко значење за кинеската јавност во чија митологија често се провлекува идејата за заминување на морското дно или во вселената на грбот на змеј.
Кинезите буквално тие соништа за заминување во темните длабочини и височини ги остварија со инвестирање во технолошките достигнувања и во развојот на вселенски летала и подморници кои најчесто го носат името на змеј.