Büşra Selvi Öğütcen
05 Април 2017•Ажурирај: 06 Април 2017
АНКАРА (АА) - Податоците на 500 организации во рамките на Унијата за заштита на ботанички градини (BCGI) покажуваат дека во светот има 60.065 видови дрвја, јавува Anadolu Agency (AA).
Истражувањето покажува дека Бразил со 8.715 врсти е земја со најмногу видови на дрвја во светот.
Повеќето видови се наоѓаaт во Бразил, а најмалку во американските области во близина на Северниот Пол.
Истражувањето покажува дека постојат 300 врсти кои имаат помалку од 50 единки и кои се во опасност.
Покрај тоа, дрвото „Каромија гигас“ (Karomia gigas), коe расте во Танзанија e на границата на целосно исчезнување, со оглед на тоа дека пред неколку месеци се евидентирани само шест стебла.
Резултатите од истражувањата се објавени во весникот „Журнал на одржливо шумарство“ (Journal of Sustainable Forestry).
Студијата треба да биде алатка за идентификација на ретките и загрозените видови, така што тие ќе можат да бидат заштитени пред да исчезнат.