Ömer Aydın
17 Април 2018•Ажурирај: 18 Април 2018
СТРАЗБУР (АА) - Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, рече дека земјите од Западен Балкан не треба да се оддалечат од европската перспектива, и упати предупредување дека во спротивно, може да се поjави ризик од враќање во 1990-тите години, јавува Anadolu Agency (AA).
По обраќањето на францускиoт претседател Емануел Макрон, Јункер одржа говор на Генералното собрание на Европскиот парламент, кое е во тек во Стразбур, и ги оцени изјавите на Макрон околу иднината на Европската Унија (ЕУ) и европскиот суверенитет.
„Јас не сум наивен, свесен сум за проблемите. Свесен сум за напорите кои треба да ги покажат земјите од Западен Балкан. Ако овие земји ги оддалечиме од европската перспектива, тогаш повторно ќе ги доживееме настаните што ги доживеавме во 1990-тите години. Не сакаме Западен Балкан повторно да се врати во војна“, рече Јункер.
Јункер му се обрати на Макрон велејќи „Се врати вистинската Франција“, и рече дека е задоволен од зближувањето на Германија и Франција.
„Но, ЕУ не се состои само од Франција и Германија. ЕУ има 28 членки. Утре ќе бидеме 27 (поради Брегзит). Потребна е соработка и со другите, со цел овој мотор да работи“, додаде Јункер.
Србија и Црна Гора продолжуваат со преговорите за членство во ЕУ. Продолжува и процесот за кандидатура за членство во ЕУ на земјите како Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово.