Şerife Çetin
15 Август 2018•Ажурирај: 15 Август 2018
БРИСЕЛ (AA) - Претседателот на Европската комисија Жан Клод- Јункер изрази задоволство откако Турција пушти на слобода двајца припадници на грчката војска кои вчера беа приведени во воената област во Едрине, јавува Anadolu Agency (AA).
„Европската унија (ЕУ) ќе продолжи со спроведување на стратешкото партнерство со Турција", напиша Јункер на социјалните мрежи.
Потсети на самитот на Турција и ЕУ во градот Варна во март оваа година и истакна дека не постои причина Турција да чувствува страв од европските соседи.
„Сакаме да видиме демократска, просперитетна и стабилна Турција", порача Јункер.
Потсетуваме, двајцата грчки војници се приведени во воената област во Едрине, а потоа е донесена одлука да им се суди од слобода.