свет

Јапонски милијардер избран за прв патник на Месечината

Маезава е 42-годишен јапонски бизнисмен, чие богатство е проценето на 2,3 милијарди долари, а на Месечината сака да поведе и неколку уметници

Servet Günerigök  | 18.09.2018 - Обновена : 19.09.2018
Јапонски милијардер избран за прв патник на Месечината

Washington

ВАШИНГТОН (АА) - Компанијата „Спејс икс“ (SpaceX) соопшти дека јапонскиот милијардер и моден тајкун Јусаку Маезава ќе биде првиот патник на Месечината во ракетата „Биг фалкон“ (Big Falcon), која е во изградба, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Многу нешта луѓето ги прават тажни кога станува збор за иднината, но задоволство е да се биде човек кој живее во цивилизација на која вселената ѝ е достапна“, вели директорот на компанијата, Елон Маск.

Изразувајќи надеж дека и другите луѓе мислат така, Маск рече дека целта на изработката на „Биг фалкон“ е всушност да ги развеселува луѓето.

Маск го претстави Маезава како прв турист кој ќе ја посети Месечината, а Јапонецот извика: „Конечно можам да ви кажам дека одам на Месечината.“

Маезава е 42-годишен јапонски бизнисмен, чие богатство е проценето на 2,3 милијарди долари, а на Месечината сака да поведе и неколку уметници.

„Сакам да му се заблагодарам на Елон Маск и на компанијата „Спејс икс“, што ми ја дадоа можноста да ја посетам Месечината“, порача Маезава на Инстаграм.

„Спејс икс“ претходно најавуваше дека ракетата „Биг фалкон“ треба да биде подготвена за пат во вселената за пет години.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın