Şenhan Bolelli
18 Август 2017•Ажурирај: 19 Август 2017
БАРСЕЛОНА (АА) - Владата на Шпанија прогласи тридневна жалост по повод синоќешниот терористички напад во Барселона, во кој загинаа најмалку 13, а повредени се околу 100 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Шпанскиот премиер Маријано Рахој, кој допатува во Барселона, изјави дека чувствува голема болка поради жртвите од терористичкиот напад, и порача дека како знак на солидарност со семејствата на жртвите е прогласена тридневна жалост.
Терористичката организација ДЕАШ презеде одговорност за синоќешниот напад во Барселона. Најмалку 13 лица загинаа, а околу 100 се повредени кога на шеталиштето Лас Рамблас во центарот на Барселона комбе влета во група пешаци.