Fatih Hafız Mehmet
27 Јануари 2019•Ажурирај: 28 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Терористичката организација ПКК го поттикнува локалното население во Северен Ирак, вознемирена поради чекорите што ќе бидат преземени против неа по формирањето на новата влада во Ирак, истакна турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, јавува Anadolu Agency (AA).
Мевлут Чавушоглу разговараше со новинарите во јужната турска област Анталија.
Тој соопшти дека по провокација на терористичката организација ПКК во Северен Ирак била нападната база на турските вооружени сили, при што имало делумно оштетување на возилата и опремата.
Чавушоглу потенцираше дека турските авиони спроведуваат успешни воздушни напади врз терористичката организација ПКК и дека таа е вознемирена поради тоа.
Тој рече дека по формирањето на новата ирачка влада, ќе бидат преземени одредени чекори против терористичката организација ПКК, заедно со Регионалната курдска управа во Северен Ирак.
„Тие се вознемирени од ова. Почнаа да ги провоцираат локалните жители. Знаеме дека зад ова стои ПКК“, рече Чавушоглу.
Турскиот министер за надворешни работи изјави дека доцна синоќа имал телефонски разговор со премиерот на Регионалната курдска управа во северен Ирак, Нечирван Барзани.
Чавушоглу истакна дека за време на разговорот Барзани му рекол дека преземаат неопходни мерки и дека нема да толерираат напади врз турски бази.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе.