Halit Süleyman,Ayşe Aktaş
18 Декември 2016•Ажурирај: 19 Декември 2016
ИДЛИБ (АА) – Цивилите кои се евакуираат од источниот дел на Алепо, што е под опсада на режимските сили и терористичките групи се носат во Идлиб, обидуваат да се соземат од злосторствата што ги доживеаја. Принудени да заминат од Алепо каде што се родиле и каде што пораснале поради интензивните напади. Цивилите кои се наоѓаат во привремените центри за засолнување во Идлиб за АА го раскажаа злосторството што го доживеале во војната и имаат надеж дека еден ден повторно ќе се вратат во Алепо.
Жените и децата кои на ова студено време се обидуваат да се згреат со ќебиња и со храната што ја делат хуманитарните институции, изјавија дека едвај се извлекле од Алепо.
Мајката Умму Мухамед рече дека во последно време во Алепо ситуацијата е многу лоша и дека поради интензивните бомбардирања сите ги напуштаат своите домови и бегаат.
„Не нè оставија во нашите домови. Сè издржавме, и глад и жед, но не успеавме да ги издржиме бомбите, кои како дожд истураа над нашите глави“, рече 36-годишната Умму Мухамед и додаде дека поради бомбардирањата не можеле да поминат од една до друга зграда.
„Бевме принудени да заминеме од Алепо“, рече таа. Бомбите кои ги фрлале режимските сили во подрачјето Шеар создавале чувство на потрес од земјотрес, а според неа, тие го тестираат нивното ново оружје во Алепо.
Таа потенцираше дека постојано се бомбардираат населени места со цивили.
„Мојата куќа беше бомбардирана. Моето дете го извадив од под урнатините. Нас нè извадија од под урнатините на бомбардираната зграда. Фала му на Господ, спасени сме од бомбардирањата и дојдовме тука. Се спасивме од ракетите. Сакаме да одиме во безбедното подрачје, на северот од Алепо, барем таму нема бомбардирања. Ќе си го видам и семејството коешто не сум го видела 6 години. Бараме хуманитарен коридор за да преминеме кон северен Алепо. Му благодарам на Ердоган за сè“, рече Умму Мухамед.
Меѓу евакуираните е и 12-годишната Севсен Абуш, која исто така рече дека состојбата во источен Алепо е многу лоша. „Немавме ништо за јадење, ниту ориз, ниту булгур не ни остана. Немаше никакви прехрамбени производи во Алепо. Башар нè лиши од сè“, рече таа.
- Повторно ќе се вратиме во нашите домови, во нашиот Алепо -
„Навистина побегнавме од барел-бомбите, од хлорниот солзавец, од продорните бомби и ракети во Алепо. Тешко нè извадија од Алепо. Нашата надеж е повторно да се вратиме во Алепо. Повторно ќе се вратиме во Алепо, во нашите домови, на нашата земја“, изјави Месуд Еву Салих и додаде дека една група била ограбена и малтретирана додека излегувале од регионот што е под опсада.
- Сакаме да одиме во безбедните подрачја на северот од Алепо -
Ебу Мухамед е уште еден жител на Алепо кој раскажа што сè доживеал.
„Претрпевме многу маки во источен Алепо. Бевме изложени на интензивни бомбардирања. Дојдовме овде. Не сакавме да излеземе од Алепо. Веќе 6 години живеам во источен Алепо. Бевме принудени да го напуштиме Алепо. Нашата надеж е да се отвори хуманитарниот коридор на Турција, за да преминеме во безбедниот регион во северно Алепо. Шест години ги издржав бомбардирањата, за да не го напуштам Алепо. Бараме помош од Турција за ранетите и болните. Не сакаме да останеме во овие привремени центри за засолнување. Нека се живи и здрави, овде ни обезбедуваат сè што сакаме. За иднината на нашите деца, за да се школуваат, сакаме да одиме во безбедниот регион на северен Алепо. Децата се изморија“, рече тој.
Рами Маруф исто така истакна дека на многу тежок начин се извлекол од градот каде што се родил и пораснал.
„Ние дојдовме тука поради руската и иранската депортација. Бевме принудени да се иселиме од Алепо. Сакаме Турција да отвори хуманитарен коридор, кој ќе ни озвозможи премин кон безбедниот регион во северен Алепо. За иднината на нашите деца сакаме да одиме на безбедно место каде што нема бомбардирање“, рече Маруф.