Betül Yürük
12 Декември 2018•Ажурирај: 13 Декември 2018
ВАШИНГТОН (АА) - „Саудиска Арабија нема да може да се извлече во однос на убиството на Џамал Кашоги“, изјави денес американската амбасадорка во Обединетите нации (ОН), Ники Хејли, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Мислам дека треба сериозно, поостро да разговараме со Саудијците за да им дадеме до знаење дека нема да го простиме тоа, ние нема да ви дадеме пропусница и тоа не го правете повторно“, рече Хејли при гостувањето во утринската програма за утринското ток-шоу „Today“ на телевизискиот канал Ен-би-си (NBC).
„Тоа беше саудиската Влада, а МБС е главата на саудиската Влада“, рече Хејли, мислејќи на престолонаследникот Мухамед бин Селман, споменувајќи го со неговите иницијали. „Значи, сите се одговорни, и нема да поминат со тоа, ниту поединецот, ниту Владата - нема да се извлечат“.
Ова беше првото интервју на Хејли откако соопшти дека ќе ја напушти функцијата амбасадорка на САД во ОН до крајот на годината.
Кашоги, саудиски новинар и колумнист во „Вашингтон пост“ (The Washington Post), исчезна по влегувањето во саудискиот Конзулат во Истанбул на 2. октомври.
Првично изјавувајќи дека Конзулатот го напуштил жив, Саудиска Арабија неколку недели подоцна призна дека новинарот бил убиен во зградата на Конзулатот.