политика

Хан во Скопје: „Младите да гласаат на референдум за да не им се случи Брегзит“

„Младите лица во Македонија треба во голем број да гласаат на референдумот за Договорот со Грција, за да не им се случи Брегзит, еден штетен процес за британските млади кои не беа активни на нивниот референдум“

Bekim Laci  | 17.07.2018 - Обновена : 18.07.2018
Хан во Скопје: „Младите да гласаат на референдум за да не им се случи Брегзит“

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Еврокомесарот за проширување и соседска политика на Европската Унија (ЕУ), Јоханес Хан, кој престојува во официјална посета на Македонија, по средбата со премиерот на Македонија, Зоран Заев, истакна дека младите луѓе во Македонија треба да гласаат на референдумот за да не им случи Брегзит, јавува Anadolu Agency (AA).

„Младите лица во Македонија треба во голем број да гласаат на референдумот за Договорот со Грција за спорот околу името, за да не им се случи Брегзит, еден штетен процес за британските млади кои не беа активни на нивниот референдум“, рече Хан денес во Скопје, кој со неговото доаѓање во Македонија официјално ги започна подготвителните активности за скрининг-процесот, кој е првиот чекор пред отворањето на преговорите со Европската Унија (ЕУ).

На заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев, која се одржа по владината седница на која учествуваше и Хан, еврокомесарот нагласи дека сцената во која моментално се наоѓа земјата, е плод на Договорот со Грција којшто меѓународната заедница силно го поддржува, и додаде дека топката сега е во рацете на граѓаните на Македонија за да ја определат судбината на земјата на слободен и суверен начин, бидејќи земјата веќе доби и покана за членство во НАТО, која овозможува гаранција за мир и унапредување на земјата.

„Вратите на ЕУ сега се отворени, но зависи од вас дали ќе ја прегрнете оваа можност. Ги охрабрувам граѓаните да го искористат демократското право и да учествуваат на референдумот, особено младата популација, бидејќи имаме горчливи искуства со избори и референдуми на кои таа не учествувала на адекватен начин. Како резултат на овие искуства, Обединетото Кралство донесе одлуки кои не се погодни за младите“, истакна Хан, и рече дека тие треба да разберат дека секој глас се брои и има вредност.

Премиерот на Македонија, Зоран Заев, информираше дека на владината седница на која учествуваше и еврокомесарот Хан, е донесена одлука за започнување на скрининг-процесот, кој е подготовка за претпристапни преговори со ЕУ и нив ќе ги предводи вицепремиерот Бујар Османи, додека технички преговарач ќе биде Бојан Маричиќ.

„Преговорите за членство со ЕУ се историска задача за институциите и за целото општество, затоа испраќаме порака дека овој врвен државен приоритет ќе го предводи Владата, но во него ќе учествуваат и Собранието, судството, опозицијата, граѓанското општество, бизнис заедницата, медиумите, буквално, сечиј придонес е битен“, рече Заев.

Заев нагласи дека денес ќе започнат консултациите за свикување на лидерска средба за надминување на разликите кои постојат со опозицијата во врска со организирањето и одржувањето на референдумот, средба која најверојатно ќе се одржи утревечер.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın