Cem Genco
26 Септември 2016•Ажурирај: 27 Септември 2016
ХАТАЈ (АА) - Хуманитарниот конвој на ОН од 26 камиони тргна од граничниот премин „Џилвеѓозу“ во Рејханли, на турско-сириската граница, кон Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Дваесет камиони коишто чекале на граничниот премин „Џилвеѓозу“ и шест нови камиони тргнале на пат кон сирискиот град Идлиб.
Се очекува уште денес, дополнително десет камиони во текот на денот да го преминат граничниот премин и да тргнат кон Идлиб.
Според сознанијата на новинар на АА, хуманитарен конвој на ОН од 40 камиони, откако беше прогласено примирје во Сирија, го преминал граничниот премин Џилвеѓозу, но не го продолжил патот од безбедносни причини. Уште 20 камиони што треба да пренесат помош во Алепо чекаатда се овозможи доставувањето на помошта.