Fatih Hafız Mehmet
12 Март 2017•Ажурирај: 12 Март 2017
АНКАРА (АА) - Турција го замоли холандскиот амбасадор да не се враќа во земјата на одредено време, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи, јавува Anadolu Agency (AA).
Холандија ја откажа дозволата за слетување на авионот на турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, и го сопре возилото на турската министерка за семејство и социјална политика Фатма Бетул Каја.
Според соопштението, турското Министерство испрати барање до холандскиот отправник на работите: „Холандскиот амбасадор, кој е на отсуство во странство, да не се враќа на одредено време“.