Savaş Güler
03 Мај 2018•Ажурирај: 03 Мај 2018
КОЊА (АА) - Во рамките на истрагата против припадниците на терористичката организација ФЕТО која се спроведува во 34 турски градови, Обвинителството во Коња издаде налог за апсење на најмалку 70 лица, меѓу кои се наоѓа и воен персонал, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде новинарот на АА, станува работи за лица со кои организацијата воспоставила контакт уште за време на нивното школување, односно лица кои ги прифатиле целите и идеологијата на организацијата, и за чија лојалност не постои никаков сомнеж.
Се дознава, исто така, дека осомничените лица се подготвени да ја извршат секоја задача која ќе им ја остави организацијата.
Припадниците на турската полиција од Одделот за борба против криумчарење и организиран криминал веќе покренаа истовремени акции на апсење во 34 турски градови.
Терористичката организација ФЕТО во 1970-тите години почна своите поданици да ги инфилтрира во безбедносните институции на Турција, по што во 1980-тите години значително ги зајакна своите паралелни пирамиди во овие институции, и на 15 јули 2016 година изведе неуспешен обид за воен удар со цел рушење на уставниот поредок и соборување на демократски избраната власт во Турција.
За време на обидот за воен удар во Турција загинаа најмалку 250 лица, а околу 2.200 беа повредени.
Турските надлежни институции покренаа опсежна борба против оваа терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен.