Турција

Турција: Доживотна казна за 31 обвинет за обидот за државен удар

На судскиот процес по повод случувањата во Командата на Жандармериското училиште „Бејтепе“, за време на обидот за државен удар во Турција извршен од страна на терористичката ФЕТО, се товарат 316 лица

Ekipa  | 17.07.2018 - Обновена : 18.07.2018
Турција: Доживотна казна за 31 обвинет за обидот за државен удар

Ankara

АНКАРА (АА) - На судскиот процес по повод случувањата во Командата на Жандармериското училиште „Бејтепе“, за време на обидот за државен удар кој се случи на 15 јули 2016 година во Турција, извршен од страна на терористичката организација ФЕТО, за учество во случувањата се товарат 316 лица, а 31 лице добија отежната доживотна затворска казна, јавува Anadolu Agency (AA).

Меѓу овие лица кои добија отежната затворска казна, се наоѓа и тогашниот командант на Жандармериското училиште, поранешниот бригаден генерал Садик Ќороглу, додека досиејата на другите обвинети се одвоени, и тие ќе бидат разгледани на други судски процеси.

Рочиштето се одржа на Кампусот на институциите за извршување санкции во Синџан од страна на Судот за тешки кривични дела во Анкара, каде што претседателот на Судот, Мелих Учар, ги соопшти пресудите, според кои, 31 лице добија отежната доживотна затворска казна.

Досиејата на 280 обвинети и на 5 други лица кои се во бегство се одвоени од ова досие.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın