Турција

Турција: Во текот на изминатата недела неутрализирани 14 терористи

Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека во периодот помеѓу 5 и 12 ноември се изведени вкупно 2.388 антитетористички операции

Faruk Zorlu  | 12.11.2018 - Обновена : 12.11.2018
Турција: Во текот на изминатата недела неутрализирани 14 терористи

Ankara

АНКАРА (АА) - Турското Министерство за внатрешни работи денес соопшти дека во операциите за борба против тероризмот низ цела Турција во текот на изминатата недела се неутрализирани најмалку 14 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).

Министерството истакнува дека во периодот помеѓу 5 и 12 ноември се изведени вкупно 2.388 антитетористички операции.

Седум од вкупно 14 неутрализирани терористи се ранети, додека другите седум терористи им се предале на турските безбедносни сили.

Силите за безбедност уапсиле 747 лица поради соучесништво и помагање на терористичките организации, 4.176 лица за дела поврзани со шверц на дрога и 163 лица за криумчарење луѓе.

Во 10 турски области уништени се 28 засолништа на терористичката организација, како и 15 импровизирани експлозивни направи и мини, а безбедносните сили запленија 11 рачни гранати, 289 килограми експлозивен материјал, 24 парчиња оружје, меѓу кое и долгоцевно, и 515 парчиња муниција.

Во рамките на операциите за борба против дрога, безбедносните сили запленија над 600 килограми дрога низ целата земја.

Во текот, пак, на акциите за спречување на илегалната миграција, фатени се вкупно 7.646 нерегуларни мигранти.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.