Sadık Kedir Abdu
12 Август 2018•Ажурирај: 13 Август 2018
АНКАРА (AA) - Турските безбедносни сили неутрализираа терорист припадник на ПКК во текот на антитерористичка операција во источната турска област Тунџели, соопшти денес (недела) Министерството за внатрешни работи на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ибрахим Кобан, под кодното име „Атакан Махир“, беше терорист вклучен во црвената категорија на бараните терористи на турското Министерство за внатрешни работи“, наведено е во соопштението на Министерството.
Бараната листа е поделена во пет категории - со црвена боја за најбарани терористи по што следуваат сината, зелената, портокаловата и сивата.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата на терористичките групи во Турција, ЕУ и САД. Во текот на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.