Tevfik Durul
26 Октомври 2018•Ажурирај: 27 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, телефонски разговараше со државниот секретар на Соединетите Американски Држави (САД), Мајк Помпео, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде АА од дипломатски извори, Чавушоглу денес имал телефонски разговор со Помпео.
Не е наведено за што разговарале двајцата министри, но се претпоставува дека разговарале за случајот со убиството на саудискиот новинар Кашоги.
Помпео по посетата на Саудиска Арабија, на 17 октомври престојуваше во посета на Анкара, каде што разговараше со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и министерот Чавушоглу.