Besar Ademi
11 Јули 2016•Ажурирај: 11 Јули 2016
СКОПЈЕ (АА) - Лидерот на албанската опозициска партија ДПА, Мендух Тачи, по средбата со американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Викторија Нуланд, изјави дека сега е добар момент кога сите треба да се посветат на работата и на решавањето на политичката криза што ја зафати земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Тачи истакна дека земјата е среќна што САД е водечки партнер за Албанците, но и за Македонија, и тие имаат огромен интерес да ѝ помогнат на земјата да ја надмине оваа криза. Тој додаде дека пораката на Нуланд е лидерите да работат на решавањето на политичката криза.
„Оваа криза многу се одолговлекува. Ќе видиме во следните неколку дена, оваа ситуација ќе треба да се деблокира. Тоа е многу важен момент и сите заедно треба да го искористиме за да ја деблокираме оваа политичката криза. Во спротивно ќе изгубиме целосна надеж ако тоа не се случи сега. Пораката е дека сите треба да работиме за да се стави крај на политичката криза и да се оди на избори”, рече Тачи.
Викторија Нуланд претходно се сретна со лидерот на ДУИ, Али Ахмети и на СДСМ, Зоран Заев, кои по средбата не дадоа изјава за медиумите, а се очекува средба и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. По средбите предвидена е прес-конференција на американската дипломатка.
Посетата на Нуланд во Македонија е дел од нејзината турнеја низ Косово, Албанија, Србија и на Кипар.