Admir Fazlagic
08 Март 2016•Ажурирај: 09 Март 2016
ТАБАНОВЦЕ (АА) - Од вчера на пладне на самата гранична линија помеѓу Македонија и Србија заглавени се 437 бегалци од Сирија и Ирак, на кои не им е дозволено да ја преминат на територијата во Србија, јавува Anadolu Agency (AA).
Горан Стојановски, раководител на Регионален центар за управување со кризи Куманво, вели дека овие бегалци од 12 часот вчера се заглавени на граничната линија помеѓу Македонија и Србија и се наоѓаат во многу тешка состојба. Стојановски додава дека и покрај тоа што овие бегалци имале уредни документи Србија не им дозволила да преминат на нејзината територија.
" Сега имаме уште 437 мигранти, кои се наоѓаат на граничниот камен, на граничната линија помеѓу Македонија и Србија. Едноставно блокирани од страна на Република Србија уште од вчера од 12 часот кога пристигнаа со возот, за коишто во моментот е затворена границата. Се работи исклучиво за бегалци од Сирија и Ирак, претежно над 50 % од нив се жени и деца, односно ранливи категории" , изјави Стојановски во разговор за АА, објаснувајќи дека на овие 437 бегалци не им е дозволено да преминат на територијата на Србија и покрај фактот што тие се исправно регистирирани и профилирани при нивното поминување на македонската јужна граница.
Еден од заглавените бегалци на граничната линија помеѓу Србија и Македонија е Емир Ахмед од Алепо, Сирија. Истакнува дека бегалците кои се тука се наоѓаат во многу тешки услови, како и дека не разбира зошто Србија не им дозволува да влезат на нејзина територија, бидејќи, како што вели, нивната цел се земјите од Западна Европа.
"Вчера дојдовме овде околу 14 часот после пладне. Границата беше затворена, врнеше дожд, останавме на отворено, немавме храна, немавме ништо. Сите луѓе останаа тука. Има многу деца, повеќето од нив се болни. Хуманитарните организации ни ни дадоа храна, им благодариме. Немаме интернет и не знаеме никакви информации околу главните случувања во врска со нас. Од страната на Србија ни рекоа дека не не пуштаат, бидејќи така одлучиле лидерите", вели сириецот Емир, кој додава дека како и повеќето бегалци би сакал да го продолжи патот кон Западна Европа, во Германија.
Инаку, во транзитниот центар за бегалци "Табановце" кај Куманово има 1030 бегалци, од Сирија, Ирак и Авганистан. Хуманитартните организации кои делуваат тука им ја обезбедуваат потребната помош во вид на храна, обувки, средсства за хигиена и медицински третман.
"Со оглед на фактот дека има1030 мигранти сместени во транзитниот центар Табановце, може да се забележи декa постои развиженост и дека сето она што е хуман однос се практикува. Во моментот се дели храна облека обувки, се пружа медицинска помош за да им се даде адекватен одговор во делот на хуманиот третмнан кон мигрантите", објаснува раководителот на регионалниот центар за управување со кризи Горан Стојановски, зборувајќи за состојбата во рамките на транзитиот центар, кажувајќи дека има бегалци на кои одамна веќе им е поминат рокот за барање на азил.
"Република Македонија има чувство кон овие луѓе, практично да им се овозможи да дојдеме до конкретни заклучоци како понатаму ќе регираме", вели тој, кажувајќи дека бегалците кои веќе неколку недели престојуваат во Табановце имаат поинакви потреби и за нив е потребен сосема друг пристап.
Стојановски информираше и дека денес до пладневите часови во Табановце не пристигна воз со бегалци од Гевгелија.