Yusuf Hatip
25 Мај 2018•Ажурирај: 25 Мај 2018
БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја повика Русија да ја прифати одговорноста за падот на авионот MH17 на малезиската авиокомпанија „Malaysia Airlines“, кој над Украина, во 2014 година е соборен со проектил на Руската војска, јавува Anadolu Agency (AA).
Тој потсети дека Русија се смета за одговорна за падот на авионот на малезиската авиокомпанија и повика оваа земја да ја прифати одговорноста и да се вложат напори за да се формира тело за утврдување на одговорноста во согласност со Резолуцијата на ОН.
Соборувањето на авионот се смета за глобална трагедија. Столтенберг укажа на потребата да се казнат одговорните за трагедијата на авионот.
Заедничкиот истражен тим (JIT) во четвртокот објави дека е утврдено оти авионот на „Malaysia Airlines“, MH17, во 2014 година над Украина е соборен со проектил на Руската војска.
На прес-конференцијата е кажано дека проектилот припаѓал на 53. бригада на Руската војска која се наоѓала во Курск.
Авионот, кој сообраќал на релацијата Амстердам - Куала Лумпур е срушен на 17 јули 2014 година на источниот дел на Украина, а во несреќата загинаа сите 198 лица во авионот. Истрагата на западните експерти открија дека проектилот Бук од руско производство, кој го собори авионот, е истрелан од подрачје под контрола на проруските сепаратисти во источна Украина. Во авионот се наоѓаа 183 патници и 15 членови на посадата.