Hasan Esen
18 Мај 2017•Ажурирај: 19 Мај 2017
БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека несогласувањата меѓу Турција и Германија во врска со базата „Инџирлик“ е проблем на двете земји, и како таков не влијае на активностите на НАТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Столтенберг присуствуваше на состанокот на министрите за одбрана на Европската Унија, а пред средбата одговараше на прашања од новинарите.
Тој истакна дека следната недела ќе се одржи Самитот на претседатели и премиери на сојузниците од НАТО, и дека во таа пригода ќе се зборува во врска со барањето на САД за зголемување на трошоците за одбрана, како и за борбата против тероризмот.
На прашањето дали НАТО официјално ќе се вклучи во коалицијата за борба против терористичката организација ДЕАШ, Столтенберг рече:
„Сè уште не е донесена одлука. Она што е важно за мене е дека НАТО продолжува да ја поддржува коалицијата во обуките и со авионите 'AWACS' за надгледување на воздушниот простор“.
Тој нагласи дека не се работи за директно вклучување на НАТО во конфликтот, и оти никој не сака НАТО да учествува во судирите во Сирија и во Ирак.
На прашањето околу тоа што не им беше одобрен влезот на германските парламентарци во воената база „Инџирлик“ во Турција, Столтенберг рече:
„Тоа не се одрази, ниту имаше влијание врз активностите на НАТО. Ова е проблем меѓу Турција и Германија“.