Andjelija Stojkovic
13 Октомври 2016•Ажурирај: 14 Октомври 2016
БЕЛГРАД (АА) - Претседателите на Владата на Србија и на Албанија, Александар Вучиќ и Еди Рама, денес во Белград разговараа за односите на двете земји, економската соработка, мигрантската криза и за односите во регионот, јавува Anadolu Agency (АА).
Вучиќ изјави дека Србија е трајно определена да гради добри односи со Албанија и дека развојот на односите на Србија и Албанија придонесува за вкупната стабилност на регионот. Тој изјави дека е важно земјите да развијат и економска соработка, особено во областите на трговијата, енергетиката, инфраструктурата и земјоделството.
Вучиќ и Рама заклучија дека одржувањето на Бизнис форумот Србија-Албанија, утре во Ниш, е доказ за волја на двете страни за охрабрување на српските и албанските бизнисмени со остварувањето посилни бизнис врски, колку што е можно повеќе да придонесат за напредокот на економијата на двете земји“, се наведува во соопштението на Владата на Србија.
Тие оценија и дека контактите на претставниците на двете земји во последните две години се охрабрувачки и даваат нов поттик за надминување на разликите и јакнење на билатералната и регионална соработка.
Вучиќ додаде дека е важно Србија и Албанија заедно да ги реализираат проектите во рамките на Берлинскиот процес, особено инфраструктурните проекти, каков што е изградбата на автопатот Ниш-Приштина-Тирана-Драч.