Hasan Esen
03 Ноември 2016•Ажурирај: 04 Ноември 2016
БРИСЕЛ (АА) – Белгискиот суд донесе пресуда дека активностите на ПКК, која е на листата на терористички организации во ЕУ, не се терористички чин, односно според судот: „ПКК не прави кривично дело тероризам, затоа што активностите се во рамките на оружена борба“, јавува Anadolu Agency (AA).
Бриселскиот суд ја донесе одлуката од судскиот процес за 36 лица од терористичката организација, меѓу кои и одговорните лица за Европа, Ремзи Картал и Зубејир Ајдар.
Судот донесе одлука дека нема терористички чин во активностите на членовите и управителите на ПКК, кои беа обвинети за терористички дела, киднапирање деца, лишување на луѓе од слобода, како и за закани со смрт. Во одлуката стои: „... оружeната борба не може да се оценува во рамките на терористички обвиненија“. Федералното обвинителство има право на жалба на одлуката.
Тужбата беше подигната во октомври 2015, по истрагата којашто започна во 2006 година. Во овој процес беа обвинети членови на ПКК за наводно носење деца и млади од Белгија и од други европски држави, во кампови за обука во Грција и во Ирак. Меѓу другото, тие беа обвинети и за фалсификување документи и за собирање пари.
ПКК зазема место на листата на терористички организации прогласени од ЕУ. Исто така, оваа листа ја засега и Белгија.