Gamze Türkoğlu Oğuz
15 Јануари 2018•Ажурирај: 16 Јануари 2018
БАНГКОК (AA) - Официјални претставници на Мјанмар и Бангладеш се сретнаа за да разговараат за враќањето на араканските муслимани (Рохинџи), што избегаа од Аракан, јавува Anadolu Agency.
Министерот за социјална помош и сместување, Вин Мјат Аје, истакна дека властите на Мјанмар и Бангладеш се сретнале во главниот град Нејпидо, да разговараат за логистичките прашања поврзани со враќањето на Рохинџа муслиманите.
Вин Мјат Аје изјави дека процесот на враќање во Мјанмар на араканските муслимани што пребегале од Бангладеш, планираат да го започнат следната недела.
Според локалните медуми, официјалните претставници на Бангладеш се надеваат дека околу 100.000 бегалци ќе се вратат во Аракан.
Во меѓувреме, регионалниот менаџер за комуникации на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), Вивијан Тан, рече дека би сакале да преземат „конструктивна улога“ во процесот на враќање во земјата на араканските муслимани.
„Нашата вклученост во процесот и нашиот целосен пристап до зоните за враќање во Мјанмар, може да помогне да се изгради доверба кај сите инволвирани страни, вклучувајќи ги и бегалците“, рече Тан, истакнувајќи дека бегалците се важни поради откривање на процесот на регистрирање и доброволното враќање.
- Етничко чистење на араканските муслимани -
Според последните бројки објавени од страна на ОН, по нападите што во Аракан ги спроведува мјанмарската војска, од 25 август до денес во Бангладеш избегаа 655 илјади аракански муслимани. Се претпоставува дека во 1970-тите години во Аракан живееле околу 2 милиони муслимани, но оваа бројка денес е намалена под 350.000, поради бегствата од систематските напади. Во нападите, коишто прераснаа во етничко чистење, беа запалени над 300 села.