Cuneyt Davut
10 Мај 2016•Ажурирај: 10 Мај 2016
СКОПЈЕ (АА) - Затворањето на 25-от Меѓународен Фестивал на Пролетни Веселби се означи со Јубилеен концерт на турската национална телевизија, ТРТ, јавува Anadolu Agency (AA).
На концертот организаран со поддршка на Туркиот Културен Институт „Јунус Емре“ - Скопје, присуствуваа организаторите на 25-от Меѓународен Фестивал на Пролетни Веселби, претставници на невладини организации, академици, уметници и бројни граѓани.
Претседателот на Фестивалот на пролетни веселби, Др. Шенол Тахир, рече дека нивните напори во врска со фестивалот, кој се организира веќе 25 години без прекин, вродуваат со позитивни резултати.
„Овие активности започнаа како еден мал регионален настан, а потоа се издигнаа на балканско и евроазиско ниво. Посакувам следната година од страна на УНЕСКО да се прифатат како ,светски настан', рече Тахир, и додаде дека Турција дала значаен придонес за да се стигне до ова ниво денес.
Од друга страна, директорот на Турскиот Културен Институт „Јунус Емре“- Скопје, Мехмет Самсакчи, изрази задоволство за можноста да дадат поддршка на концертот, на ТРТ, организиран по повод затворањето на фестивалот со концерт со долг животен век од 25 години.
„Институтот Јунус Емре има за цел да ги промовира историските вредности на Турција, но истовремено да даде поддршка на настаните организирани од страна на сродните заедници“ истакна Самсакчи и изрази задоволство од органзирањето на програмата по повод затворањето на фестивалот кој траеше 5 дена.
Пејачката на ТРТ, Емине Каракуш Каја, ја истакна возбудата и радоста која ја чувствува поради тоа што е во Скопје и им се заблагодари на сите кои придонесоа за организирањето на еден ваков фестивал.