РИМ (АА) - БАРИШ СЕЧКИН -
Италија, која побарува флексибилност во економската политика на Европската унија (ЕУ), и се со цел обидувајќи се да го привлече вниманието врз себе поради илегалната имиграција, го предупреди Брисел дека тоа може да се одрази со ставање вето на средбите за ревизијата на буџетот на Унијата на среден рок.
На неофицијалниот самит на ЕУ во Братислава минатиот септември, на највисоко ниво настана мини криза, во која Италија истакна дека не се покажува соодветна солидарност. Од тогаш досега, Италија својата доза на реакција постепено ја зголемува.
Особено оваа реакција е наменета кон земјите од Средна и Источна Европа, кои меѓусебно не сакаат да преземат дел од бегалците. „Солидарноста треба да е заедничка. Земаат пари од богатите земји Франција, Германија, Италија и градат патишта, мостови, електрични централи. Доколку ги сакаат нашите пари, тогаш треба да ги преземат и бегалците“, упати критики премиерот на Италија Ренци, кој претходниот ден ја извести јавноста дека ќе постави вето на буџетот.
Поставувањето на вето врз буџетот на ЕУ за 2017 година, Италија повремено го поставува на дневниот ред на внатрешната политика во земјата, премиерот Ренци најави дека ќе го користи правото на вето на состанотот за ревизија на буџетот за среден рок кој ќе се одржи под претседателство на Словачка која претседава со ЕУ. Подсекретарот на владата на Италија за ЕУ прашања Сандро Гози, вчера во Брисел изјави дека Рим го задржува правото на вето и соопшти дека ќе го искористи.
Министерот за надворешни работи Паоло Гентилони за високиот тон на обраќање на премиерот и државата кон ЕУ во последно време рече: „Ние не очекуваме ЕУ кон нас да се однесува со остра политика или со затегната политика. Само очекуваме оправдување на нашите добри причини“.
Од Братислава дојде одговор дека на ревизијата за буџетот ќе се одлучува со широк консензус и дека се ќе се одвива според планот.
До владата на Италија која се закани дека за членките на ЕУ кои не сакаат да учествуваат во распределбата на бегалците, нема да им биде дадена материјална поддршка, дојде предупредување од Европската комисија, усвојувањето на договорениот буџет на ЕУ да се спроведе соодветно.
Европската комисија вчера до Рим упати писмо, Италија може да го сноси ризикот од неусогласување со пропишаните правила, на средбата за договарање на предлог буџетот на ЕУ за 2017 година. Комисијата и предложи на Италија со цел да го намали својот долг, кој изнесува 140 отсто од бруто национален производ, повторно да го разгледа својот буџет за 2017 година. Комисијата изјави дека слична е ситуацијата и во Белгија, Грчкиот дел на Кипар, Литванија, Словенија и Финска.
Станувајќи збор за односите Италија-ЕУ, интерес предизвика начинот на закани и педупредувања од страна на Премиерот на Италија Ренци. Премиерот Ренци претходниот ден преку интернет во една програма во живо одговараше на прашања. Притоа, вниманието го привлече фактот, што за разлика од претходното, во позадина се појавило само италијанското знаме. Италијансиот печат напиша дека тоа е еден вид реакција на ЕУ, додека некои сметаат дека тоа се однесува на внатрешната политика.
Некои сметаат дека оваа реакција на Ренци е насочена кон референдумот за реформите на уставот закажан за 4 декември, имајќи за цел да го добие гласот „да“ против ЕУ.
- На Самитот во Братислава недоразбирањата излегоа на виделина
Односите меѓу Италија и ЕУ одат на лошо од септември наваму. Причина за тоа е перидот на претседавање со ЕУ на Словачка, во чиј период работите не се развиваат онака како што сака Италија. Саиот заврши во сенка на искажаната реакција од страна на Италија.
Во извештајот на самитот стои дека Италија сакала поголема флексибилност во решавањето на бегалската и економската политика, меѓутоа овие барања на Италија не беа прифатни, на што таа покажа остра реакција. Ренци, тој ден одби да биде дел од заедничката прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел и претседателот на Франција Франсоа Оланд.
- Причина за тензии е референдумот за домашната политика
АА доби миселња од познавачите кои одблиску ја познаваат проблематиката меѓу Италија и ЕУ. Според нив главен проблем е референдумот закажан за 4 декември во Италија на кој ќе се одлучува за уставни реформи на предложените законски одговорнисти на Сенатот.
news_share_descriptionsubscription_contact
