Hakan Çopur
01 Септември 2018•Ажурирај: 01 Септември 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) вчера соопштија дека во потполност ја запираат помошта за Агенцијата на Обединетите нации (ОН) за помош на палестинските бегалци, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролката на Стејт департментот, Хедер Нојерт, изјави дека Вашингтон повеќе нема да праќа финансиски средства наменети за Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци (UNRWA).
„Основниот работен модел и фискални пракси кои со години ја обележуваа работата на Агенцијата се едноставно неодржливи, и веќе долга низа години се во кризна состојба“, изјави Нојерт.
САД досега беа најголем донатор на Агенцијата, пружајќи 350 милиони долари годишно, или околу четвртина од буџетот на оваа Агенција на ОН.
Агенцијата претходно оваа недела предупреди дека веројатно ќе се соочи со уште поголема нестабилност, доколку Вашингтон одлучи да ја запре помошта за Агенцијата.